Иднината на астрономијата е многу подалеку од вселенскиот телескоп James Webb. На пример, теоретски е возможно да се користат кватни компјутери за изградба на колосални телескопи со големина на цели планети, се вели во една нова студија објавена во New Scientist.
А ако тоа успее, планетарните телескопи ќе можат да продрат многу подлабоко во амбисот на вселената и да ни откријат уште повеќе тајни. Таквото достигнување може да донесе револуција во технологијата за создавање поцелосна слика за вселената, се вели во студијата.
Во астрономијата поставувањето неколку телескопи да функционираат едногласно се вика интерферометар, а тие можат да вршат подетална опсервација на универзумот низ џиновски леќи, со што се елиминираат физичките ограничувања како и губењето на звукот од космосот со моменталните квантни методи на комуникација.
Студијата предлага процесирање на секој фотон индивидуално како што удира во телескопот од некој далечен универзумот, што звучи како неверојатно прецизна работа ако не ги знаеме можностите на квантните уреди за складирање меморија. Особено феноменот на квантното испреплетување на ќе овозможи два или повеќе дискретни телескопи да споделуваат информации еден со друг во еден миг.
Се разбира, тоа ќе направи хаос во датабазите и ќе создаде една слика која малкумина можат да ја дешифрираат, но еден квантен компјутер кој може сам да си ги поправа грешките може да најде ред во тој хаос и без потреба од нумерички симулации може да ги поправи грешките,
Ова е навистина инспиративна идеја, но додека квантните телескопи со големина на планети може да функционираа во теорија, останува проблемот тоа да се спроведе во пракса, вели водечкиот автор на студијата, Зиџин Хуанг од Универзитетот Меквајер во Австралија.
(Interesting Engineering)
(фото: Nara)