Луксузниот бренд Gucci одлучи да овозможи плаќање во криптовалути, а со таа цел спроведуваат пилот програма за прифаќање на десет различни дигитални валути подоцна овој месец во САД.
Модната индустрија веќе со месеци експериментира за да се прилагоди на новата реалност на пазарот: NFT, мета универзум и дигитални валути. Gucci, модна компанија која во 1921 година ја основал Гучио Гучи во италијанскиот град Тоскана, одлучи да преземе битен чекор кој може да ги мотивира и другите брендови да го направат истото.
Некои продавници на луксузниот бренд во САД почнуваат да прифаќаат криптовалути во текот на овој месец во рамките на пилот програмата. Во пилот тестот ќе учествуваат Лос Анџелес, Њујорк, Мајами, Атланта и Лас Вегас.
На крајот на летото сите бутици на Gucci во САД ќе прифаќаат плаќање во криптовалути. За да извршат уплата купувачите ќе добијат QR код кој ќе им овозможи пристап до нивните дигитални паричници.
„Gucci се етаблираше како ран усвојувач на Web3 технологијата, вклучувајќи го и блокчеин. Плаќањето со криптовалути означува уште еден чекор напред за Gucci, кој го комбинира постоечкото физичко присуство со новите Web3 напори“ се вели во соопштението на компанијата.
Купувачите ќе можат да плаќаат со десет различни криптовалути, меѓу кои се биткоин, етереум, лајткоин и шиба ину.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)