TikTok воведува нов начин на кој креаторите можат да заработуваат пари. Планот на компанијата е да го споделува профитот со најголемите креатори кога покрај нивните краатки видеа ќе се прикажуваат одредени реклами. Програмата е слична на начинот на кој YouTube ги плаќа своите креатори, а резултатите од тоа може да бидат доста големи суми.
Новата програма се вика TIkTok Pulse и дозволува прикажување на реклами со 4% од најгледаните видеа на TikTok. Креаторите со најмалку 100.000 следбеници ќе добиваат дел од приходите кога нивните видеа ќе влезат во таа програма.
TikTok ќе дели 50% од приходите од рекламите со одреднеи креатори, а тоа е блиску до тоа што YouTube им го нудинна креаторите, односно 55% од рекламите. TikTok Pulse програмата стартува во јуни во САД, а на останатите пазари ќе се прошири наесен.
Досега главниот начин за компензација на креаторите на TikTok беше Creator Fund, кој исплатува одредени креатори на основа на популарноста на нивните видеа. Но, креаторите велат дека тие приходи може да бидат многу мали и нередовни, што значи дека Creator Fund не дава одржлив извор на приходи на начин кој го прави програмата на YouTube.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)