Директорот на компаниите SpaceX и Tesla, Илон Маск, кој неодамна го купи Twitter, изјави дека одредени корисници во иднина може да плаќаат да користењето на оваа социјална мрежа.
Маск и на Twitter ја објасни својата идеја.
“Twitter секогаш ќе биде бесплатен за повремените, односно обичните корисници, но незначителна сума ќе плаќаат комерцијалните/државните корисници“ напиша тој во објавата.
Додаде дека и некаков приход е подобар од никаков приход. Twitter отсекогаш бил бесплатен за сите корисници, меѓутоа и идејата на Маск има позадина. Reuters минатата седмица соопшти дека Маск им рекол на банките кои прифатиле да му помогнат да го купи Twitter за 44 милијарди долари, да најде начин за монетизација на твитовите.
Спроед податоците на Forbes, Маск е најбогат човек во светот, а купувањето на Twitter го договори на 26 април. Тој вети слобода на говор на Twitter со почитување на законите .
„За слобода на говорот го сметам она што е во согласност со законот. Противник сум на цензурата, која е далеку од сите закони“ порача Маск.
(Klix.ba)
(фото: Needpix)