Кинески научници предлагаат вонземска фотосинтеза за производство на кислород и вода на Месечината

- Advertisement -

Kineski znanstvenici predlažu “izvanzemaljsku fotosintezu” kao strategiju održive proizvodnje kisika, vode i goriva na Mjesecu

Почвата на Месечината содржи активни соединенија кои може да го претворат јаглерод диоксидот во кислород и во гориво, тврдат кинески научници во студијата објавена во списанието Joule. Тие сега истражуваат дали можат линарните ресурси да се користат за олеснување на човечкото истражување на Месечината и надвор од неа.

Јингфанг Јао и Жиганг Жу од Универзитетот Нанџинг се надеваат дека ќе дизајнираат систем кој ќе ги користи предностите на лунарното тло и на сончевото зрачење, кои се двата најзастапени ресурси на Месечината. После анализата на тлото на Месечината кое го донесе вселенското летало Chang’e 5, нивниот тим открил дека примерокот содржи состојки, меѓу кои и материјали богати со железо и титан, кои може да функционираат какоа катализатор за производство на зелени производи како кислород со помош на сончевата светлина.

- Advertisement -

Врз база на тие истражувања тиимот предложил стратегија за т.н. вонземска фотосинтеза. Системот главо користи тло од Месечината за електролиза и од водата и јаглерод диоксидот кој го издишуваат астронаутите прави кислород и водород,

Во текот на процесот се добиваат и јаглеводороди како што е метанот, кој би можел да се користи како гориво. Стратегијата не користи надворешна енергија туку сончева светлина за производство на разни производи како вода, кислород и гориво, кои би можеле да го одржуваат животот на една Месечева база. Тие сега бараат прилика за тестирање на системот во вселената, веројатно со идните кинески мисиии на Месечината.

- Advertisement -

(Eurek Alert)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -