Откриен нов начин на лекување на еден од најчестите типови рак на мозокот

- Advertisement -

Резултати од седумгодишно истражување сугерираат дека можен е нов пристап во лекувањето на еден од најчестите и најразорните облици на рак на мозокот на возрасни – гиобластом мултиформа (Glioblastoma Multiforme – GBM).

Во студијата која ја објави научното списание BMC Cancer научници од Универзитетот Сари покажаа дека краток синџир од аминокиселини (пептид HTL-001) е едикасен во таргетирањето и инхибицијата на функцијата на семејството гени одговорни за растот на GBM, односно т.н. хокс ген. Студијата е направена на клеточни и животински модели.

- Advertisement -

Пептид HTL-001 кој бил користен во студијата претходно поминал испитувања на безбедноста и е соодветен за испитувања на пациенти. Сега се размислува за испитување и на други видови на рак.

„Луѓето кои боледуваат од гиобластом мултиформа имаат 5% шанси за преживување во текот на петгодишен париод, а тоа е бројка која се нема подобрено со децении. Иако уште сме во рана фаза од процесот, нашиот седумгодишен проект дава трошка надеж за пронаоѓање решение за дисрегулација на хокс генот, која е поврзаа со растот на GBM и други карциноми“ вели Хардев Панда, главен истражувач на студијата и професор по медицинска онколигја на Универзитетот Сари.

- Advertisement -

Иронично е тоа што хокс гените се одговорни и за здрав раст на мозочното ткиво, но вообичаено се стишуваат при раѓање после моќната активност во растечкиот ембрион. Меѓутоа, ако повторно се активира, нивната функција може да доведе до поголем раст на карциномот. Дисрегулацијата на хокс генот одамна е препознаена кај GBM.

Истражувањето е спроведено во соработка со универзитето во Сари, Лидс и Тексас и стартап компанијата HOX Therapeutics од произлезена од универзитетот во Сари, која е произлезена од истражувачкиот парк Сари.

- Advertisement -

(Eurek Alert)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -