Sophos производите за крајните корисници рангирани на прво место по заштита и лажни позитивни тестови за претпријатија, мали бизниси и консументи

- Advertisement -

Sophos, глобалниот лидер за сајбер безбедност, објави дека нивните производи за крајните корисници се рангирани на прво место на сите три ЅE Labs тестови за заштита за првиот квартал од 2022 година и добиле оценки – 100% целосна и прецизна заштита на сите тестови, истo како и во првиот квартал од 2021 година. Sophos Intercept X е најдобар во категориите за претпријатија и мали бизниси, додека Sophos Home Premium е топ производ за заштита на консументи.

- Advertisement -

„Овие награди се уште еден доказ за моќта на портфолиото со новите генерации производи на Sophos за заштита од уценувачки софтвер и други сајбер закани. Совршените резултати се дури и позначајни, ако ги имаме предвид високите стандарди на SE Labs. Нивниот пристап во тестирањето и нивната методологија се најрепрезентативни од сите надворешни тестери кога ќе се споредат со вистинската, реалната состојба со сајбер заканите. За Sophos, концептот на сајбер безбедноста се состои врвни решенија, лесни за користење, кои помагаат да се превенираат,  детектираат и да се реагира на напади “ вели Simon Reed, постар потпретседател на  SophosLabs.

Sophos Intercept X е најсофистицираното индустриско решение за заштита на крајните корисници и нуди повеќе слоеви на заштита од најнапредните напади. Тоа е комбинација од технологија против уценувачки софтвер, вештачка интелигенција со длабинско учење и активно ублажување на нападите со цел да се спречи широк дијапазон на закани. SE Labs ја тестираше последната верзија на Sophos за скенирање, која е олицетворение на функционалност. Надградбата го подобрува секој аспект на Sophos Intercept X и носи повеќекратни бенефити за корисниците, како што е намалено зафаќање на меморијата, напредно длабинско учење, како и вештачка интелигенција која забележува промени во однесување. Секако и помали надградби кои резултираат со помала потрошувачка на интернет.

- Advertisement -

Sophos Home Premium е продолжение на иновативното и моќно решение Intercept X за консументите. Sophos Home ги штити персоналните компјутери со Windows и Mac од уценувачки и друг злонамерен софтвер и обезбедува приватност на веб камерите, веб заштита и родителско филтрирање на интернет.

„Нападите кои биле опфатени со тестовите вклучуваат закани кои ја погодуваат пошироката публика и поблиску ги таргетираат поединците и организациите. Може да се рече дека ги тестиравме производите со „јавен“ злонамерен софтвер и целосни хакерски напади. Производите на Sophos даваат одлични резултати поради комбинацијата од нивната способност да блокираат злонамерни URL, да се справуваат со експлоатирачки софтвер и коректно да ги класифицираат легитимните апликации и веб страници. Наградите ААА од SE Labs за Sophos Intercept X и за  Sophos Home Premium се навистина заслужени“ вели Simon Edwards, извршен директор на SE Labs.

- Advertisement -

Извештаите се достапни на SE Labs.

Сподели!
- Advertisement -