Европската комисија стартуваше интерактивна платформа наменета за млади

- Advertisement -

По повод Европската година на младите Европската комисија стартуваше нова итнерактивна платформа за млади, наречена „Изрази ја својата визија“ (Voice Your Vision). Преку таа платформа младите од сите делови на Европа ќе можат да снимаат гласовни пораки со својата визија за иднината на ЕУ, од прашањето за вработување, инволвираност, мир и безбедност до климатските промени, образованието, менталното здравје и други теми кои тие ги сметаат за битни.

„Платформата е олицетворение на младешкиот, влијателен, динамичен и отворен дух на кохабитација кој е симбол за Европската година на младите. Во тој дух, сакаме да ги поттикнеме младите во Европа да се вклучат, да го кажат својот глас и да ги споделат своите грижи и идеи за во иднина. Оваа платформа не можеше да дојде во посоодветен момент за сите млади, не само како европски грѓаани, туку и како членови ан оштеството кои сега, повеќе од кога било, поминуваат низ предизвиците на новото време“ изјавија од Европската комисија.

- Advertisement -

Ги повикуваат сите млади да го дигнат својот глас затоа што токму тоа се гласовите кои се пресудна компонента за Европа да расте, да се развива знаењето, иновациите, приликите и да се добијат подобри, порелевантни решенија фокусирани на младите.

Иако платформата „Изрази ја својата визија“ е стартувана во рамките на Европската година на младите во 2022 година, амбициите на програмата нема да завшрат годинава и ќе продолжат и идните години затоа што веруваат дека младите граѓани на Европса се најмоќните катализатори на промени и кокреатори на идните политики.

- Advertisement -

Обележувајќи ја Европската година на младите земјите-членки на ЕУ даваат клучен придонес на национално и на локално ниво поттикнувајќи го ангажманот на младите низ бројни активности.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: European Comission)

Сподели!
- Advertisement -