Поставен камен темелник на новиот продажен центар на Мебел-Ви во Струмица

- Advertisement -

Со задоволство ја известуваме јавноста дека отпочна со изградба новиот, најголем, продажен центар на Мебел-Ви, кој ќе биде лоциран во Струмица.

По завршувањето на подготвителните активности, вчера 10.05.2022, беше поставен камен темелник на новиот ултра модерен салон за мебел. Објектот е планиран да биде со површина од 4.000м2 што го прави еден од најголемите продажни објекти во државата.

- Advertisement -

Остануваме на определбата да бидеме прв и најдобар избор за квалитетен мебел на потрошувачите во Македонија и со ова значително ја доближуваме нашата понуда до уште поголем број корисници. Ова е 8миот продажен салон на нашата компанија и заедно со него вкупната изложбена површина, на располагање на потрошувачите, се искачува на 22.000 метри квадратни што не прави лидер на пазарот во државата, но и во регионот. Новата инвестиција доаѓа во годината кога го прославуваме нашиот јубилеј 25 години постоење, и значително ќе придонесе во збогатување на целокупната понуда на пазарот на мебел и секако ќе внесе дополнителна свежина и бенефиции за граѓаните во Струмичкиот регион. Нашата стратешка цел е понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет, квалитетен мебел кој е достапен и блиску до потрошувачите.

Сподели!
- Advertisement -