Нафтениот гигант Aramco повторно највредна компанија во светот

- Advertisement -

Саудискиот производител на нафта и гас Aramco повторно застана на врвот како компанија со најголема пазарна капитализација во светот, откако бранот од распродажба на технолошки акции ја разниша позицијата на американскиот гигант Apple

Саудиската компанија ја врати водечката позиција после минатогодишната доминација на Applе, пишува BBC. Инвестирите продаваа акциии од американската технолошка компанија и се пренасочија кон имот кој го сметаат за помалку ризичен. Трендот ја намали и вредноста на биткоин и на другите големи критповалути и дигитални имоти.

- Advertisement -

Акциите на Apple вчера паднаа на Њујоршката берза за над 5% и пазарната капитализација на компанијата се спушти на 2.370 милијарди долари. Нафтениот гигант Aramco пак имаше пазарна капитализација од 2.420 милијарди долари. Акциите на саудискиот производител на нафта и гас скокнаа поради силниот раст на цената на тие енергенси на светските пазари.

(SEEBiz)

- Advertisement -

(фото: Previewtech)

Сподели!
- Advertisement -