Меѓународната компанија за развој на софтвер, Сеавус, дел од групацијата Арикома, го најавува хибридниот настан во вид на експертски панел, што ќе се одржи на 19 мај во канцеларијата на Сеавус во Ниш, со почеток во 17.30 часот. Настанот ќе биде пренесуван и онлајн, а ќе биде посветен на Front-End технологиите. Експертите на Сеавус за Front-end, на панелот ќе дискутираат за трендовите, најдобрите практики и идеите, а преку техничко и практично знаење и примери, учесниците ќе можат да научат за новите Front-end технологии и да ги подобрат своите вештини.
Развојот на софтверот постојано поминува низ процес на поголеми и подобри иновации, посебно на полето на Front-end. Развојот на Front-end се менува толку брзо што може да биде предизвик да се остане во чекор со новите трендови. Поради тоа, од суштинско значење е да се биде информиран за најновите програмски јазици, рамки и технологии.
Во денешно време, работните места за Front-end програмери се едни од најбараните позиции во ИТ-индустријата. Експертите во познатата софтверска компанија, Сеавус, ќе се соберат на панел за да разговараат за кодирањето, трендовите и предизвиците, проектите и проблемите на Front-end, и сè она што треба да се знае околу тоа како се справуваат врвните програмери во 2022 година.
Учесници на панелот се експертите на Сеавус, Игор Јошевски – Technology Line Manager и Мирослав Ериќ – Technical Lead for Front End. Игор Јошевски е дел од светот на веб-развојот веќе 15 години, со примарен фокус на Front-end технологиите. Игор има широко искуство со користење на сите популарни Front-end библиотеки и рамки како што се Angular, React и Vue.
Мирослав Ериќ работи во Сеавус од 2020 година и има над осум години искуство со различни веб-технологии. Поголемиот дел од неговата кариера, е посветен на Full Stack, а во последните неколку години неговиот главен фокус се Front-еnd технологиите.
Резервирајте го вашето место денес и искористете ја оваа одлична можност да научите нови работи, да ги подобрите своите вештини и да добиете одговор на сите прашања во врска со развојот на Front-end технологиите.
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консултантски услуги со докажано искуство во успешни деловни софтверски решенија. Компанијата има над 850 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европските и американските пазари преку неколку канцеларии и претставништва низ целиот свет. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS / OSS, CRM, CEM, Business Intelligence solutions, ALM, Embedded programming, business и consumer производи, мобилни апликации и gaming решенија, Managed Services, како и консултации и развој на апликации на барање на клиентите. Портфолиото се состои од голем број клиенти, вклучително и глобални телекомуникациски оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации во банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.