Илон Маск денес изјави дека својата понуда за преземање на Twitter во износ од 44 милијарди долари привремено ја става на чекање, а како причина ги наведе прашањата кои се однесуваат на лажните профили и несаканата електронска пошта, односно спамовите.
Договорот за преземање на Twitter привремено е ставен на чекање за да видиме дали лажите профили навистина претставуваат помалку од 5% од корисниците, објави Маск на Twitter.
Поради тој негов твит акциите на Twitter паднаа за над 20% пред отворањето на берзата. Од Twitter уште нема коментар на најновиот развој на настаните. Компанијата на почетокот на месецот објави дека спамовите и лажните профили во првиот квартал од годинава биле помалку од % од вкупниот број корисници.
Тогаш беше потврдено и дека до постигнувањето на договорот со Маск компанијата се соочувала со неколку ризици, вклучувајќи го и тоа дали огласувачите ќе продолжат да трошат на Twitter.
Маск после објавата дека ќе го презема Twitter зиајви дека еден од приоритетите ќе му биде отстранување на спам ботовите од платформата.
(Zimo)
(фото: Newsprima.it)