Научници открија големи поплави на Марс

- Advertisement -


Марс не само што некогаш содржел вода, туку во минатото имало и големи поплави. Јасни докази за тоа најде Perseverance, кој фотографираше големи карпи кои прекриваат дел од кратерот Езеро, кој е пресушена речна делта.

Се верува дека обилните и силни поплави пред повеќе милијарди години ги донеле овие заоблени камења во кратерот кој моментално го истражува Роверот Perseverance. Ова се случило во текот на еден од три големи периоди кои научниците ги идентификуваат во развојот на системот од езера и реки, а кои ги заземал кратерот Езеро во далечното минато.

- Advertisement -

Пред 3,5 милијарди години обилни води течеле по марсовската рамнина наречена Исидис Планитија пред да ги пробие ѕидовите на кратерот. Понекогаш водата носела огромни карпи кои може да се видат фотографиите.

Роверот Curiosity исто така на Марс забележа докази поврзани со вода околу 3.700 км од кратерот Езеро.

- Advertisement -

Една од примарните мисии на роверот Perseverance е барање потенцијални знаци за живот во минатото на Марс, иако уште нема докази за неговото постоење.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -