Дали во почва од Месечината може да се одгледуваат растенија? Една нова студија објавена во весникот Communications Biology спомeнува експеримент во кој примероци од почвата на Месечината донесени со мисиите Apollo се користи за одгледување растенија. По прв пат растение кое расте на Земјата, арабидопсис талиана, успеало да преживее во примероците од лунарна почва.
За студијата истражувачи од Универзитетот Флорида користеле 12 примероци со лунарна почва собрани во текот на мисиите Apollo 11, 12 и 17 во периодот од 1969 до 1972 година. Освен примероците од луарна почва, тие користеле и 16 примероци од вулканска пепел собрани на Земјата и потоа го споредуале растот на растението.
Тие ги истражувале примероците почва во текот на повеќе од една година и внимателно го бележеле растот. Резултатите кои ги добиле се фасцинантни. Го користеле токму тоа растение затоа што било многу проучувано на Земјата во илјадници лаборатории, па се знае многу за да може да се анализира.
Тој додаде дека втората причина е тоа што е физички мало и може да расте во мала количина почва. Понатаму, изминатите 20 години се користело за повеќе истражувања во вселената и има претходни податоци со кои може да се споредуваат.
И покрај тоа што имаат сличен минерален состав, лунарната почва и вулканската пепел различно го подджруваат растот на растението. Многу од примероците на лунаран почва одгледале растение со слична форма и боја, додека имале повеќе црвено-црни пигменти. Генерално земено, растенијата одгледани во лунарната почва растеле бавно.
Примероците почва биле земени од различни слоеви од почвата. На крајоот заклучиле дека во лунарнаат почва може да се одгледуваат земни растенија, но споредено со вулканската пепел, не поддржува голем раст и развој.
(Interesting Engineering)
(фото: Pexels)