Правниот тим на Twitter го обвини Маск дека го прекршил договорот за тајносгт

- Advertisement -

Илон Маск на Twitter објави дека правниот тим на Twitter го обвинил за кршење на договорот за тајност со откривањето на фактот дека примероците за проверка на автоматизирани корисници на платформата за социјални медиуми биле 100.

Маск уште во петокот на Twitter објави дека неговиот договор за купување на Twitter вреден 44 милијарди евра е провремено на чекање додека ги чека податоците за тоа дали лажните профили се навистина помалку од 5% од корисниците на таа социјална мрежа.

- Advertisement -

Тој рече дека неговиот тим ќе тестира случаен примерок од 100 корисници на Twitter за да ги идентификува ботовите. Неговиот одговор на тоа прашање поттикна обвинение од правниот тим на Twitter.

„Избрав 100 корисници како број на примероци затоа што тоа е она што Twitter го користи за пресметување на 5% лажни/спам/дупликати на профили“ напиша Маск како одговор на едно прашање да го објасни процесот на откривање на ботовите.

- Advertisement -

Маск денес наутро напиша дека уште не видел некаква анализа дека Twitter има помалку од 5% лажни кориснички профили. Подоцна напиша дека постои можност тој процент да е над 90% од дневните активни корисници на социјалната мрежа.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -