Уште пред финалната вечер на Евровизија многумина нагаѓаа дека таму може да победи Украина, а за тоа беа свесни и руските хакери од колективот Killnet. Тие претходно најавија дека ќе ја нападнат инфраструктурата на Евровизија која е сместена во Италија со цел рушење на системот за галасање.
Тоа навистина се обидоа да го направат во текот на полуфиналната и финалната вечер, но не успеаја во својата намера и на крајот победи Украина. Но, освен рушење на системот за гласање, на удар на хакерите од Killnet се најдоа и некои италијански и романски институции, чии страници се обидоа да ги срушат.
Во случајот со Евровизија се послужија со класичен DDoS напад, со кој сакаа да го загушат сообраќајот и да оневозможат гласање, но италијанската полиција успеа да го спречи тој напад.
Сепак, во текот на наредните денови многумина можеа да прочитаат информации за нови напади на хакерите од Killnet, кои денес во стилот на хакерскиот колектив Anonymous најавија глобален сајбер напад на САД, Велика Британија, Германија, Италија, Романија, Латвија, Литванија, Естонија, Полска и Украина.
Моментално не е познато дали хакерите дејствуваат во договор со руската влада или тимот на Killnet дејствува на своја рака инспирирани од рускиот патриотизам.
(Zimo)
(фото: Pixa Hive)