Сингапурски научници создадоа цемент од урина и индустриски отпад

- Advertisement -

Производството на цемент е голем емитувач на стакленички гасови затоа што сотојките на цементот се загреваат на многу високи температури. Сега истражувачи од Универзтетот Нанјанг од Сингапут создадоа нов биоцемент кој е напрацен целосно од отпадни материјали.

Биоцементот има две главни компоненти – индустриски отпад кој се добива при производството на ацетилен гас во фабриките во Сингапур и уреа, која се добива ид урината на цицачите. Процесот почнува со третирање на индустрискиот отпад за да се добие растворлив кацлиум. Потоа во него се додава уреа за да се формира цементирачки раствор. Тимот потоа додал бактерии, кои ј разложуваат уреата на карбонантни јони.

- Advertisement -

Наредно со процес наречен микробиолошки индуцирано таложење на калцити (MICP) тие карбонатни јони реагираат со јоните на растворливиот калциум и формираат калциум карбонат, кој е цврст материјал што природно се наоѓа во креда, варовник или мермер. Кога ќе се случи таа реакција во почва или во песок калциум карбонатот создава цврсти врски со почвата или песокот и ја зголемува нивната цврстина и ги затвора порите помеѓу нив, со што материјалот не пропушта течности.

Почвата зацврстена со ваквиот биоцемент има неограничена сила на компресија од околу 1,7 мегапаскали, што е повеќе отколку кога истата почва би се третирала со иста количина цемент.

- Advertisement -

Тоа значи дека биоцементот може да се користи за проекти за подобрување на почвата, како што е ацврстување на тлото при градење или ископување, контролирање на ерозијата на плажите, намалување на ерозијата предизвиката од втрот во пустините или за изградба на резервоари за свежа вода на плажите или во пустините.Биоцементот ќе може да се користи и за затворање на пукнатини во почвата или во карпи со цел да се намали протекувањето на вода.

Интересно е тоа што методот на тимот од NTU за формирање на биоцемент е тоа што нивниот материјал нема боја. Кога ќе се стави на почва или на песок се зачувува орогиналната боја на почвата и песокот. Како што велат истражувачите, процесот за производство на нивниот цемент троши помалку енергија и создава помалку стакленички гасови во споредба со традиционалното производство на цемент. Се произведува на собна температура без согорување и затоа е позелен и карбонски понеутрален процес.

- Advertisement -

(Inceptive Mind)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -