Што може да се направи од 43 милиони тони стари турбини на ветар? Еве една одлична идеја

- Advertisement -

Овој паркинг за велосипеди е направен од стари турбини на ветар. Се наоша во Алборг, Данска и е едно навистина инвоативно решение за реупотреба на отпадните турбини.

Што да се прави со старите турбини на ветар кога ќе им заврши животниот век е едно прашање кое мачи многумина, особено затоа што кога ќе станат отпад стануваат штетни за околината.

- Advertisement -

Првите турбини на ветар се направени во 1990-тите години и нивниот животен век е при крај. Додека турбините додека се фунцкионални ни помагаат да живееме поеколошки и да не и наштетуваме на околината, тие не се толку еколошки кога нема да се користат.

Направени се од напредни композитни материјали, поради што се цврсти и лесни, но тоа значи дека и многу тешко се рециклираат. Се проценува дека до 2050 година ќе има 43 милиони тони неупотребливи турбини на ветар. Сепак, поради тоа што се многу цврсти и лесни, може да добијат секундарна примена.

- Advertisement -

Освен тоа што од нив може да се прават паркинзи за велосипеди, може и да се претворат во столбови за електрична мрежа, да се искористат за кровови на куќи, па дури и од нив да се направат метални мостови.

Siemens Gamesa во септември минатата година ја направи првата турбина во светот која може целосно да се рециклира. Соработуваат со енергетската компанија RWE за да почне да се користи за изградба на фарми среде вода, како дел од целта на Siemens Gamesa до 2040 година сите турбини на ветар да бидат целосно рециклирачки.

- Advertisement -

Сепак, се додека оваа технологија стане широко распространета, ќе мора да најдеме поиновативни начини за реупотреба на старите турбини.

(World Economic Forum)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -