Холандската приватна компанија за подморници U-Boat Worx најави дека ќе претстави сосема нова класа на подморници дизајнирани во нив да се одржуваат најпрестижните и најуникатните настани на планетата.
Under Water Entertainment Platform (UWEP) е целосно автономна подморница со капацитет до 120 гости, без екипажот. Гостите ќе можат да видат како изгледа да се нурнат до длабочина од 200 метри, а притоа да се наоѓаат во удобен и стилизиран простор низ кој може да се шетаат како по некој брод-крстосувач.
Подморницата е долга 35 метри, широка 7,6 метри и висока 7 метри, а има вкупна површина од 150 квадратни метри која може да се користи за забави. Внатрешноста може да се прилагоди на потребите на сопственикот – може да биде ресторан, теретана или подводно казино.
UWEP подморницата може да се користи и за настани од типот на презентации, забави, конференции или некакви перформанси. Делот каде што се одржуваат настаните има 14 огромни прозорци, кои на присутните им овозможуваат несекојдневен поглед на подводниот свет. Исто така, има и повеќе надворешни светла кои ја осветлуваа околината и додаваат екстра димензија на просторот.
Целосно автономната подморница се напојува со енергија од 1,2 мегаватна батерија, која е поставена под подот и и овозможува да плови до 18 часа без да мора да се полни. Максималната брзина што може да ја достигне е 5,5 км.
Подморницата има и палува од 85 квадратни метри, каде што гостите можат да седнат и да уживаат во зајдисонцето.
Уште не е позната цената на UWEP, но повеќе од очигледно е дека ќе можат да си ја дозволат само некои милијардери.
(Inceptive Mind)
(фото: U-Boat Worx)