Масовна видео продукција и екипа ја претворија Автокоманда во филмски сет

- Advertisement -

Топлите летни денови веќе подранија, но оваа мајска сабота во Скопје нешто сосема ново ја промени дефиницијата за што е навистина жешко.
На бензинската станица ОКТА во Автокоманда, масовна видео продукација и екипа, од досега невиден размер виден кај нас, го претворија главниот град во професионален и совршено синхронизиран филмски сет. Несекојдневното случување привлече голем број на присутни, кои изненадени од она што ги опкружуваше, се двоумеа дали сè уште се наоѓаат во Скопје или пак во Скопјевуд.

Ноќта под скопското небо, беше осветлена од бројни светла, камери и дрон, од навидум најнова технологија, а разиграна од неочекуваниот голем број на млади статисти и 10 танчери, кои ја придружуваа пејачката Лара Иванова во ритамот на звучни модерни битови. Тие беа пропратени со најразлични модели на уникатни автомобили, мотори, тротинети, коишто ја обоија вечерта со колоритна забавна атмосфера и примамлива музика, најавувајќи ја можноста дека набрзо може да се очекува нов видео спот и песна.

- Advertisement -

Мистеријата за какво ремек дело на Лара станува збор, сè уште не е откриена.

Сподели!
- Advertisement -