Долгото гледање телевизија може да предизвика низа срцеви заболувања

- Advertisement -

Над 10% од срцевите заболувања може да се спречат ако луѓето гледаат телевизија многу помалку, покажа една нова студија. Имено, експерти од Универзитетот Кембриџ утврдија дека одморот после вечерниот оброк со консумирање грицки додека гледаме телевизија го зголемува ризикот по здравјето.

Во студијата објавена во списанието BMC Medicine порачуваат дека 11% од коронарните болести на срцето може да се спречат кога луѓето ги бледале многу помалку телевизија дневно. Но, ако тоа не е возможно, предлагаат станување и движење за да направат пауза од телевизорот. Тие советуваат и луѓето да престанат да јадат чипс и чоколада додека гледаат телевизија.

- Advertisement -

Интересно е тоа што откриле и дека кај луѓето кои поминуваат многу време пред компјутер го нема истиот ризик. Тие користеле податоци од студијата UK Biobank, односно британската биомедицинска база на податоци, која е спроведена над 373.026 луѓе. Ги зеле предвид и генетските предиспозиции за развој на срцеви заболувања.

Тимот во студијата вклучил луѓе кои се опуштаат гледајќи телевизија и луѓе кои во слободно време седат пред компјутер. Резултатите од 13-годишната студија покажале дека луѓето кои дневно пред телевизор поминуваат помалку од 1 час имаат за 16% помал ризик да добијат некое срцево коронарно заболување од тие кои гледаат телевизија 4 часа дневно, без оглед на генетските предиспозиции. Ка луѓето кои гледаат телевизија 2-3 часа дневно има 6% помал ризик од коронарни заболувања во однос на луѓето кои гледаат ТВ 4 часа.

- Advertisement -

Меѓутоа, студијата покажале дека слободното време поминато пред компјутер не влијае на развојот на срцеви заболувања. Научниците сметаат дека можеби причината за тоа е фактот дека вообичаено гледаме телевизија после вечера, што доведува до покачување на нивото на масти и холестерол во крвта.

Коронарните срцеви заболувања се една од најчестите причини за прерана смрт.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -