Илон Маск сега нуди и сателитски интернет за кампери

- Advertisement -

Компанијата Starlink, сопственост на милијардерот Илон Маск, во својата понуда додаде уште една нова услуга, а тоа е сателитски интернет за сопствениците на кампери, како и за луѓето што не сакаат да чекаат на листата која се протега со 2023 година.

Аплицирањето за стандардната Starlink опрема и конекција значи и долга листа на чекање, а интернетот кој Starlink го нуди за камперите е достаоен веднап. Негативната страна во тоа е што мрежните ресурси за таа услуга не се приоритет, како и тоа што услугата чини 135 долари месечно, односно 25 долари поскапо отколку стандардната Starlink конекција.

- Advertisement -

Со други зборови, RV опцијата чини исто колку и стандардната со опцијата Portability, која беше воведена во март, а на кориснициите им овозможува да се поврзат на тој интернет и кога не се дома. Уште една разлика е тоа што услугата за камперите на корисниците им овозможува да паузираат со претплатата и кога сакаат да продолжат да ја користат.

Со оглед на тоа дека камперите не се приоритет, може интернетот за нив да биде бавен и да има прекини во одредени региони, како и во периодот кога има најголем сообраќај. Тоа јасно го кажаа од компанијата и во своето соопштение, во кое наведоа дека наведената брзина и непрекинатата услуга не се загарантирани.

- Advertisement -

Илон Маск на Twitter напиша дека сателитската чинија на Starlink е преглема за автомобили, но тоа не го спречи еден корисник да фиксира таква чинија на хаубата на својот автомобил.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -