Отворено пријавувањето за учество во работата на Ино Фаб Лаб!

- Advertisement -

Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ го отвори повикот за млади на возраст од 15-29 години за учество во работата на првиот Фаб Лаб во нашата земја!

Ино Фаб Лаб, лабораторијата за производство и прототипирање, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, е опремена со најнова генерација на 3Д печатари, ЦНЦ машина за дрво, метал и пластика, линија за рециклирање на пластика и преса за композитни материјали. Овде младите ќе разработуваат иновативни идеи и ќе ги реализираат до фаза на прототип.

Кој може да аплицира?

- Advertisement -

Сите млади од земјата на возраст од 15 до 29 години. Нема ограничување во однос на местото на живеење и образовната институција каде што се образуваат.

Како ќе се одвива работата во Ино Фаб Лаб?

- Advertisement -


Работата ќе се одвива во тимови од 4 до 8 лица, од кои најмалку 40% треба да бидат женски лица. Тимовите ќе бидат менторирани од професори, иноватори и инженерии/експерти од различни индустрии. Работата на еден проект ќе трае од 2 до 4 месеци, а добиениот прототип ќе биде презентиран на настан пред стручната и инвеститорска заедница.

Пријавувањето е отворено од 23 мај до 30 јуни 2022 година на следниот ЛИНК.

За сите дополнителни прашања контактирајте не на следната е-меил адреса: innofablabmk@gmail.com

FAB LAB
Сподели!
- Advertisement -