Обединетите Арапски Емирати почнаа да испраќаат нафта за Европа

- Advertisement -

Танкер со нафта Абу Даби на почетокот на мај тргнал за Европа. Ова е првата таква пратка во две години. Компанијата CSSSA го натоварила танкерот Moscow Spirit со 1 милиони барели нарта оф пристаништетот Јебел Дана во Обединетите Арапски Емирати до Велика Британија од 1 до 3 мај.

Последната пратка сурова нафта од ОАЕ за Европа, односно Италија беше испратена во мај 2020 година. За ОАЕ се појави шанса за повторно испраќање нафта за Европа откако европските корисници го абранија увозот на сурова руска нафта после инвазијата врз Украина.

- Advertisement -

Се очекува за Европа од ОАЕ да тргнат повеќе танкери во текот на наредните месеци со цел да се замени недостигот од руска нафта. Ова се случува во период кога ЕУ се подготвува да воведе уште повеќе санкции на увозот на нафта од Русија, велат трговците со нафта, што ќе предизвика некои пратки за Азија да се пренасочат кон Европа.

Глобалната трговија со нафта го менува својот тек и се прилагодува на промените поради санкциите наметнати врз Русија. Русија е најголем знабдувач со нафта во Европа и обезбедила дури 26% од нафтата во ЕУ во 2020 година.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Stockvault)

Сподели!
- Advertisement -