Хакатонот Pwn2Own по повод 15-годишнината неделава се одржува во Ванкувер,а главната награда е 600.000 долари за учесниците кои ќе успеат да го хакираат автомобилот Tesla и да ги откријат неговите слабости.
Многу хакери од целиот свет се собрани во Ванкувер и работат на хакирање на добро чуваната технологија на Microsoft Teams, пребарувачот Safari на Apple и автомобилот Tesla. Озвен главната награда од 600.000 долари за хакирање на Tesla Model 3, победникот ќе го добие и самиот автомобил.
Овој хакатон истовремено е тест-полигон за сите истражувачи кои сакаат да проверат кои се слабостите на некоја технологија и да ги предупредат компаниите-проиводители на ранлиците точки.
Насстанот првично го организираше истражувачот на сајбер-безбедност Драгос Руиу во 2007 година како предизвик да се хакира MacBook Pros и оттогаш се одржува повеќе пати годишно во текот на неколку дена. Од натпреварот имаат користи и хакерите, кои си добиваат награди, и компаниите, кои добиваат шанса да ја поправат својата технологија.
На првиот ден од натрпеварот хакерите успеале да ги пробијат Microsoft Teams, Mozilla Firefox и Safari.
Во изминатите 15 години натпреварот израсна од мал настан во настан кој се одржува на повеќе локации во светот. Почнале со награди од 1.000 долари, а минатата година вкупно биле доделени награди во вредност од 2 милиони долари.
Годинашниот настан е хибриден, што значи дека учесниците можат или физички да бидат присутни или да учествуваат виртуелно.
(Business Insider)
(фото: Pwn2Own)