Паметни прозорци ја пропуштаат топлината во зима, а ја рефлектираат на лето

- Advertisement -

Прозорците се битни за да ја пропуштааат природната светлина во домот, но понекогаш прошуштат премногу или ја пропуштаат и топлината заедно со светлината. Истражувачи од Оксфорд сега развија паметен премаз за прозорци кој може да се подеси да емитува или да рефлектира сончева топлина во различни количини и со тоа да ги намали сметктие за струја и греење за 1/3.

Клучно кај таа технологија е материјалот базиран на халогеницид кој менува различни фази во зависност од топлината. Кога е ладно материјалот ги апсорбира инфрацрвените зраци од сонцето и ги емтиува во собата во форма на топлина, но кога надвор е жешко, материјалот може да ја рефлектира сончевата топлина надвор и да ја чува внатрешноста на зградата или куќата ладна. И во двата случаи идејата е да се намали употребата на клима-уреди, кои се едни од најголемите потрошувачи на енергија.

- Advertisement -

Тимот ставил и мала провидна единица за греење во премазот, кој ја контролира температурата која ја емитуваат прозорците. Премазот на тој начин може да се емитува или да се рефлектира топлина на различни нивоа – на пример, може да се намести 30% од топлината да се рефлектира, а 70% да се пропушта.

Без разлика како е наместен, се уште пропушта иста количина светлина. Тимот проценува дека ваквите прозорци на луѓето ќе им заштедат 20%-34% од енергијата која ја трошат. Тимот научници вели дека овој нов дизајн ќе биде реалтивно едноставен и евтин за имплементирање, но се уште не е подготвен за комерцијална употреба.

- Advertisement -

Истражувњето е објавено во весникот ACS Photonics.

(New Atlas)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -