АССЕКО СЕЕ е една од првите ИТ компании која успешно 20 години по ред го имплементира ISO 9001:2015 стандардот

- Advertisement -

Македонската компанија АССЕКО СЕЕ, дел од полската групација АССЕКО, успешно 20 години по ред ја продолжува имплементацијата на меѓународно признатиот ISO 9001:2015 стандард.

- Advertisement -

АССЕКО СЕЕ, која инаку е еднапрвите ИТ компании кои се стекнаа со овој истакнат сертификат, доби пригодна плакета од сертификационото тело по повод 20. годишнината од првата имплементација на стандардот, на настан кој се одржа во просториите на компанијата.

– „Посебно ми е драго што ја имам честа да го доделам ова признание за 20 години од сертификацијата на вашата компанија со овој светски признат сертификат. Вие сте една од првите, ако не и првата ИТ компанија која успешно продолжува со имплементацијата на ISO 9001:2015, а во интерес на одржување и проширување на бизнисот.“ – изјави Веле Темелкоски, регионален координатор на „Quality Austria“.

- Advertisement -

Директорот на АССЕКО СЕЕ во Македонија, Костадин Славкоски, го потенцираше растот на компанијата од првата година од сертифицирањето, па сѐ до денес, ставајќи акцент на бројот на вработените кои тогаш изнесувал неколку десетици луѓе, додека денеска компанијата е дел од голема групација која вработува повеќе од 3000 луѓе низ регионот.

Од компанијата уште еднаш ја потврдуваат важноста за поседувањето на ваквите ISO сертификати.

- Advertisement -

– „На самиот почеток на работењето на нашата компанија, ИТ бизнисите почнаа да растат во сериозни компании и ваквиот начин на меѓународна сертификација го потврдуваше фактот дека сме сигурни и стабилни партнери на нашите клиенти. Поголемиот дел од работењето на АССЕКО СЕЕ е фокусиран на банкарскиот софтвер, па навистина беше важно пред банките, кои се едни од нашите најголеми клиенти, да го потврдиме квалитетот на нашата работа.“ – вели Наташа Костојчиновска Дамјанска, менаџер за управување со квалитетот во компанијата.

Таа потенцира дека ISO 9001:2015 стандардот, со кој всушност се управува квалитетот на работата и се стандардизираат деловните процеси, е континуиран процес на постојано унапредување на начинот на функционирањето и работењето на компанијата преку имплементација на ефикасни и ефективни процеси.

– „Освен овој, АССЕКО СЕЕ се има сертифицирано и во неколку специфични области, меѓу кои ISO 20000-1 (во областа на управување со ИТ услуги), ISO 20071 (во областа на управување со безбедноста на информациите), ISO 14001 (во областа на системи за управување со животната средина) и ISO 22301 (во областа на системи за управување со континуитет на бизнисот), кој се покажа особено важен за време на пандемијата.“ – додава Костојчиновска Дамјанска.

Инаку, АССЕКО СЕЕ (АСЕЕ) е дел од полската групација АССЕКО, под чиј бренд во нашата земја работи и компанијата Пејтен, а од неодамна и познатата онлајн платформа за тргување Групер.

Сподели!
- Advertisement -