Целосна листа на најпрометните аеродроми во светот во 2021!

- Advertisement -

Меѓународниот совет за аеродроми (ACI) објави листа на најпрометните аеродроми во светот во изминатата година, од кои повеќето се во САД.

Според Советот, аеродромите ширум светот имале 4,5 милијарди патници во 2021 година. Десетте најпрометни услужиле 463 милиони патници или 10 десет отсто од вкупниот број патници.

- Advertisement -

Патничкиот сообраќај на десетте најпрометни аеродроми е поголем за 51,8 отсто, односно во 2020 година. Но, споредено со минатата предпандемиска 2019 година е помал за 29,1 отсто. Бројот на патници се очекува да продолжи да расте оваа година.Податоците на ACI покажуваат дека на најфреквентните аеродроми во светот доминирале домашните летови, а дека бројот на патници на меѓународните летови се зголемува нешто побавно, пишува американскиот деловен портал Business Insider.

Десетте најпрометни аеродроми во светот беа

- Advertisement -
  • Хартсфилд-Џексон во Атланта
  • Форт Ворт во Далас
  • Аеродромот во Денвер
  • О’Харе во Чикаго
  • Аеродромот во Лос Анџелес
  • Аеродромот Шарлот
  • Аеродромот во Орландо
  • Аеродромот Гуангжу во Кина
  • Аеродромот Ченгду во Кина и
  • Аеродромот Хари Рид во Лас Вегас

Кога станува збор за исклучиво меѓународни летови, десетте најфреквентни аеродроми се оние во Дубаи, Истанбул, Амстердам, Франкфурт, Париз, Доха, Лондон, Анталија, Мадрид и Канкун, Мексико.

Извор: kajgana.com

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -