Научниците предупредуваат: не само СО2, треба да ги исчистиме сите гасови за да не се свариме од топлина

- Advertisement -

Не е доволно само да се намали емисијата на јаглерод диоксидот за да се стопираат климатските промени туку треба да се делува и на помалку познатите загадувачи како што е азотниот оксид, кои исто така имаат клучна учога во глобалното загадување, покажа нова студија.

Расправите за климатските промени веќе со децении се фокусирани на емисијата на CO2, кој го има најмногу во атмосферата. Зедничка цел на многу земји е постигнување нулта емисија на гасови, но тоа главно се однесува на CO2.

- Advertisement -

Во текот на минатата година над 100 земји си зацртаа цел до 2030 година да ја намалат емисијата на метан за 30%. Тоа е уште еден стакленички гас на база на јаглерод, кој многу повеќе влијае на загревањето на планетата Земја отколку CO2.

Во април годинава Европскиот парламент поддржа ревизија на системот за тргување со емисија на стакленички гасови за ЕУ подобро да ја контролира количината испуштени штетни гасови и да ја намали за 55% до 2030 година. Но, и таа ревизија се однесува првенствено на CO2 и на метан.

- Advertisement -

Меѓутоа, најголем дел од земјите кои ги објавија своите планови за намалување на емисијата на штетни гасови не објавија точно кога ќе ја постигнат таа цел.

Студијата чии резултати беа објавени неделава во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS), предупредува дека многу малку внимание се посветува на другите загадувачи на воздухот, кои го предизвикуваат глобалното затоплување.

- Advertisement -

Меѓу нив се црниот јаглен, односно чадот, кој го апсорбира топлинското зрачење, потоа флуоројаглеводород, кој се користи во уредите за разладување, и азотниот оксид. Покрај метанот, тие загадувачи учествуваат во глобалното затоплување со околу 50%, покажа студијата.

Од посебно значење е да се обрне внимание и на нив затоа што земјите се обидуваат да ја намалат емисијата на СО2 со намалена употреба на фосилни горива, кои уште се сметаат за главен виновник за глобалното затоплување. Помалку фосилни горива значи и помалку загадувачи, меѓу кои и сулфати, кои се пренсеуваат преку воздухот и дури неутрализираат некои климатски промени затоа што го рефлектираат сончевото зрачење од Земјата, тврдат научниците. Додаваат дека поради овие сулфати загревањето се чини помало за околу половина Целзиусов степен, односно дека да не се тие сулфати, температурата ќе биде за половина степен Целзиусов повисока.

Студијата покажа и дека ако декарбонизацијата продолжи како што е планирано само тоа ќе доведе температурата на Земјата до 2045 година да порасне за 2 степени Целзиусови. Од друга страна, ако се намалчат сите штетни гасови, загревањето ќе може да се намали веќе од 2030 година.

„Ако не ги наамалиме и другите загадувачи, буквално ќе се свариме“ велат научниците.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -