Panasonic направи неуништлив лаптоп

- Advertisement -

Panasonic го лансираше Toughbook 40, лаптоп со издржливост според највисоките воени стандарди MIL-STD-810H и MIL-STD-461H и заштита од прашина и вода според IP66 нормата.

Меѓу другото, тоа значи дека нема да му биде ништо ако го фрлите на бетон со висина од 2 метри, а во издржливоста е вклучена и отпорноста на ниски и високи температури. Од таа причина е наменет за идустријата, војската, итните служби и за сите дејности каде што обичните лаптопи брзо би биле уништени.

- Advertisement -

Лаптопот тежи 3,35 кг и има 14 инчи Full HD IPS екран осетлив на допир, во кој е сместена и камера од 5 мегапиксели со заштитен капак. Уредот работи со 11. генерација Intel Core i5 или i7 процесот со интегрирна UHD графика, а има и опција за надградба на Iris Xe или дедициран AMD GPU.

Каптопот има вградени до 64 GB РАМ и до 2 TB SSD со енркипција. Како дополнителна безбедноста мера има и Secure Wipe систем, кој може да ја избрише целата мекроја за само неколку секунди.

- Advertisement -

Може да се поврсе на Bluetooth 5.1 и Wi-Fi 6, со опција надградба на 4G (LTE/LTE-A) или 5G (mmWave/C-band/Sub6) модеми и GPS модули. Toughbook 40 ќе се продава по почетна цена од 4.899 долари.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Negative Space)

Сподели!
- Advertisement -