Почнува креативната работилница за намалување, реупотреба и селекција на отпад – Видео игротека

- Advertisement -

Патувачки предавања за заштита на животната средина, соларна проекција на филм и работилници за деца за изработка на видео игри од денеска (30 мај) тргнуваат во неколку градови низ републиката во рамките на проектот „Видео игротека“ што го организира Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје.

Првиот од низата настани е предавање и работилница за намалување, реупотреба и селекција на отпад во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар во соработка со здружението Гоу Грин. На настанот денеска (30 мај) со почеток од 13:30 часот, на најмладите ќе им биде презентирана мобилна станица за селектрирање отпад со што тие визуелно и практично ќе научат зошто е важно правилното управување на отпад во насока на заштита на животната средина. За активно учество во работилницата, потребно е децата од дома да донесат предмет што тие мислат дека може да се рециклира или пак не им треба (пластика, хартија, стакло, батерии, текстил, метал).

- Advertisement -

Потоа ќе следи проекција на филмот „Патешествието на принцот“. Филмот потсетува на дневник со патувања од светот, кој е сличен на нашиот, но изненадувачки за стариот принц кој доаѓа од еден друг свет.

Работилница за селекција на отпад и соларна проекција на филмот „Патешествието на принцот“ ќе се одржат и утре (31 мај) од 12 часот во Кинотеката на Северна Македонија во Скопје. Во рамките на работилницата ќе биде претставена еко-иновацијата – мобилна станица за селекција со соларни панели кои ја создаваат струјата потребна за проекцијата на филмот.

- Advertisement -

Проектот понатаму продолжува во другите градови низ државата каде ќе се одржуваат работилници за игри во виртуелна реалност и работилници за изработка на видео игри, како и проекции на филмови. Идејата е децата да се запознаат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин. Работилниците ќе се одржат во просториите на Домовите на културата и училиштата, а ќе присуствуваат најталентираните ученици кои покажуваат интерес за оваа област.

Настаните се дел од проектот „Видео игротека“ во организација на УМПАКИ со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ. Целта на проектот е да се промовира етички однос кон животната средина, а видео игрите и филмот треба да послужат како алатки за подигање на свестс кај младите. Идејата е преку видео игрите и филмот кои им се ним блиски како концепт и разбирливи, да им се презентира и да се актуализира и дебатира животната средина, нејзината заштита и зачувување како една од најактуелните теми на денешницата.

Сподели!
- Advertisement -