Американски хирурзи успешно трансплантираа вештачки одгледано уво

- Advertisement -

Тим од американски доктори вчера реконструриаа човечко уво користејќи сопствено ткиво од пациетнот за изработка на 3Д биоимплант. Ова е револуционерна постапка за која се надеваат дека ќе се користи за лекување луѓе со ретки вродени маани.

Операцијата била изведена во склоп на клиничка студија за проценка на безбедноста и ефикасноста на имплантите за луѓе со микротија, кај кои надворешното уво е мало и неправилно оформено.

- Advertisement -

AuriNovo, како што се вика новиот имплант, го направи компанијата 3DBio Therapeutics, додека операцијата ја предводел Артуро Бонила, основач и директор на Институтот Микротија за вродени деформитети на уво во Сан антонио, Тексас.

„Како доктор што лекувал илјадници деца со микротија од цела земја и од целиот свет, иснпириран сум што оваа технологија може многу да им значи на пациентите со микротија и на нивните семејства“ вели Бонили.

- Advertisement -

Тој додава дека се надева оти имплантот еден ден ќе го замени моменталниот третман за микротија, кој вклучува или пресадување рскавица од ребрата на пациентот или користење на синтетички материјали.

Иновативната постапка вклучува 3Д скенирање на другото уво на пациентот, каде што е оформено надворешното уво за да се направи нацрт, а потоа се земаат примероци од рскавицата на увото и потоа се одгледуваат во поголема количина. Имплантот е обложен со надворешна биоразградлива лушпа, која со тек на време се школка, која со тек на време се апсробира во телото.

- Advertisement -

Иплантираното уво со тек на време треба да созрее, да разбие сосема природен изглед и чувство, вклучувајќи ја и еластичноста на нормалното уво. Се очекува дека во клиничката студија ќе бидат вклучени 11 пациенти, а се спроведува во Калифорнија и во Тексас.

(Science Alert)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -