Илон Маск најави дека протипот на роботот на Teslа треба да биде готов во септември

- Advertisement -

Кога Маск минатата година најави дека Teslа развива хуманоиден робот, но изгледаше дека ќе помине доста време пред да го видиме Optimus на нозе. Но, Маск не губи време и според неогвата последна објава на Twitter, може да го видиме првиот фунцкионален прототип на роботот за неколку месеци отсега.

Tesla AI Day #2 првично требаше да се одржи во август годинава, но Маск одлучи да го помести на последниот ден на септември. Она што е посебно интересно ет причината за поместувањето на датумот. Имено, Teslа забрзано работи на својот робот и сакаат да имаат прототип до вториот AI ден, односно 30 септември.

- Advertisement -

Претходно Маск на Twitter најави дека сакаат да почнат со производство на роботот до 2023 година. Исто така, на почетокот на оваа година Маск откри дека оваа година фокусот на компанијата ќе биде ставен на развојот на роботи.

Според најавите, роботот во првата фаза ќе биде програмиран за вршење дноставни репетитивни работи, но со тек на време неговите можности ќе се прошируваат. Идејата на Teslа е во иднина нивниот робот да може да се користи за повече намени, вклучително и за вршење физичка работа и за одење на шопинг.

- Advertisement -

(Elektrek)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -