Биолог од Харвард пронајде лек кој може да го стопира стареењето и да подмлади

- Advertisement -

Во лабораторијата на молекуларниот биолог Дејвид Синклер на Медицинската школа на Харвард старите глувци повторно стануваат млади, а биологот има за цел овој лек да го испроба и на луѓе.

Синклер и неговиот тим успеале да ги вратат клетките кај глувците на некоја претходна состојба. Во првото нивно истражувањ,е објавено на крајот на 2020 година, старите глувци со послаб вид и оштетена мрежница одеднаш можеле повторно да гледаат, пишува CNN.

- Advertisement -

Синклер мисли дека меидицината денес е доста напредната, но и понатаму не постојат методи кои можат да спречат заболувања од типот на Алцхајмерова и Паркинсонова болст, рак, тумор и сл.

„Верувам дека во иднина одложувањето на стареењето ќе биде најдобар начин за лекување на болести кои го мачат целото човештво“ вели Синклер.

- Advertisement -

Во неговата лабораторија два глувци седат еден покрај друг. Едниот е олицетворение на младоста, а другиот е како овенат. Сепак, тие се брат и сестра и се родени на ист ден.

Еден од генетичарите од лабораторијата на Синклер, Јуанченг Лу, дијзанирале вирус кој во организмот внесува подмладувачки фактори на оштетените ганглиски клетки од мрежницата во очите кај остарените глувци. После вбризгувањето на вирусот во очите, гените се потпомгнати со хранење на глушецот со антибиотици.

- Advertisement -

„Антибиотиците се само алатка. Тоа може да биде која било хемикалија, само начин да се осигураме дека три гени се активирани. Вобичаено тие се активни само кај многу младите ембриони во развој, а потоа како што старееме тие се гасат.

После овој експеримент Синклер и неговите колеги од лабораторијата работат на целосно подмладување на глувците.

„Веруваме дека го пронајдовме главниот прекинувач, односно начинот да го вратиме саатот назад. Телото тогаш се пробудува, памети како да се однесува,како да се регенерира и повторно ќе биде младо иако веќе е старо и болно“ објаснува Синклер.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -