Вселенскиот телескоп James Webb ќе истражува две необични супер-Земји

- Advertisement -

Со моненталната технологија за телескопи карпестите планети потешко се забележуваат отколу гасовитите џинови поради релативно малите димензии. Но, телескопот James Webb на НАСА се спрема да истражува две необични супер-Земји. Телескопот е доста моќен и се наоѓа во дорба положба во длабоката вселена за да ги испита двете планети нешто поголеми од Земјата.

Астрономите велат дека двете планети кои треба да ги истражува се многу топли и прекриени со лава, а се викаат 55 Cancri е и LHS 3844 b, на кои им недостигна значајна атмосфера.

- Advertisement -

55 Cancri e кружи околу својата матична ѕвезда на оддалеченост од 2,4 милиони километри, што е околу 4% од релативното растојание меѓу Меркур и Сонцето. Својата ѕвезда ја обиколува на секои 18 часа и има површинска температура над точката на топење на најголем дел од познатите карпи. Научниците претпоставуваат и дека планетата е гасовито поврзна со својата ѕвезда, што значи дека едната страна секогап е свртена кон Сонцето.

LHS 3844 b исто така има слична орбита и се движи околу својата матична ѕвезда на секои 11 часа. Меѓутоа, ѕвездата е помала и поладна отколку таа на 55 Cancri e. Тоа значи дека површината на планетата веројатно е многу поладна, а веројатно исто така нема значајн амтосфера.

- Advertisement -

Овие две истражувања ќе дадат фантастични нови перспективи за планетите слични на Земјата и ќе ни помогнат да фатиме каква била Земјата многу одамна, кога уште била топла како што се тие планети денес, велат научниците.

- Advertisement -

(Scientific American)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -