Светски експерти во Загреб ќе откријат како ќе изгледа светот во 2030 година

- Advertisement -

Работите кои денес ги вршиме за 10 години нема ни да постојат, а можеби ќе ги вршат роботи. Напредната и понекогаш инвазивна технологија на нашите деца можеби ќе им биде секојдневие, а битните одлуки во владите ќе се носат без човечка интервенција. Ова се само некои од темите на кои ќе дискутираат светски експерти во рамките на Future Tense, конференцијата која се одржува во Загреб на 8 и 9 јуни.

Во текот на два дена над 20 експерти од целиот свет ќе дискутираат на шест теми: иднината на технологијата, работата во образованието, управувањето, туризмот, одржливоста и лидерството. Свои предавања ќе имаат Мајк Брхтел, Даниел Саскинд, Ана Лајс Кјаер, Јан Јеоман, Дариа Кривонос и Мајк Волш.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Future Tense)

Сподели!
- Advertisement -