Имаме 33% шанси да избегнеме климатска катастрофа до 2029 година

- Advertisement -

Нова студија открива дека Земјата има само 33% шанси да избегне климатска катастрофа до 2029 година. Амбициозната цел да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степен сега изгледа се помалку веројатна, предупредува студијата.

Истражувачи на Универзитетот Вашингтон пресметаа колку загревањето на планетата веќе е неизбежно врз база на емисијата на јаглерод диоксид, метан, азотен оксид и аеросоли како сулфур и јаглен.

- Advertisement -

Резултатите од студијата сугерираат дека Земјата до 2029 година има 2/3 шанси барем привремено да го надмине загревањето од 1,5 степен дури и ако сета емисија на гасови престане таа година.

До 2057 година, пак, има 2/3 шанси Земјата барем привремено да го надмине затоплувањето од над 2 степени Целзиусови, се вели во студијата. Научниот тим, предводен од Мишел Дворски, користел климатски модел за да проучи што ќе се случи со температурата на Земјата ако сета емисија на гасови одеднаш престане секоја година од 2021 до 2080 година, со 8 различни варијанти на штетна емисија.

- Advertisement -

Моделот кој го користеле Дворски и тимот покажува дека постојат 42% шанси дека светот веќе е осуден на затоплување од над 1,5 степен Целзиусов и да се стопира целата емисија на гасови уште веднаш. Но, тој процент расте на 66% ако емисијата не се намали до 2029 година.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -