Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесена денеска, од полноќ дизелот ќе се продава за 2,5 денара по литар поскапо, а екстра-лесното масло за домаќинство ќе поскапи за 3 денара по литар.
Цените на бензините и на мазутот остануваат на досегашните бројки, дефинирани завчера.
Од полноќ, цените на горивата ќе изнесуваат:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 110 денари/литар;
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 112 денари/литар;
– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 104,5 денари/литар
– Масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) = 102,5 денари/литар
– Мазут М-1 НС = 55,508 денари/килограм
Од Регулаторн одлуката за поскапувањето ја правдаат со зголемување на референтните цени на светските берзи и со падот на вредноста на американскиот долар од завчера до денеска.