На Сибирската тундра и се заканува исчезнување

- Advertisement -

Сибирската тундра може да исчезне до 2500 година, освен ако драстично не се намали емисијата на стакленички гасови. Дури и во најдоброто сценарио 2/3 од тоа природно богатство, кое го дефинира кратката вегатациска сезона и огромни пространства со трева, грмушки, лишаи, може да исчезнат и зад себе да остават два фрагменти од тундрата раздвоени 2.500 км еден од друг.

Тоа се неодамнешните предвидувања на научниците. Како што се топи пермафростот или вечниот мраз во тундрата, може да испушти огромни количини стакленички гасови во атмосферата и со тоа потенцијално да го забрза загрвањето на атмосферата во целиот свет.

- Advertisement -

„Нас многу не зачуди кога видовме колку брзо тундрата ќе биде претворена во шума“ вели екологот Стефан Крузе од Хелмхолц центарот за поларни и морски истражувања при Институтот Алфред Венегер во Бременхавен во Германија.

Губењето на тундрата нема само да биде удар за биолошката разновидност и за човечката култура, туку може да го забрза и загревањето на Арктикот, вели Крузе. Затоплувањето на Арктикот брзо напредуваше последните децении, отприлика двапати побрзо отколку што се загрева остатокот од светот.

- Advertisement -

Не се знае колку брзо шумите ќе го заменат трвестиот, грмушест екосистем на тундрата, Во некои делови шумата се шири кон север, а други се статични. Претходните истражувања на Сибирската тундра биле фокусирани на помали подрачја, но може да постојат огромни разлики од локација до локација.

Крузе и негова колешка од истиот институт, професорката Улрике Херџшух, создадоа нов компјутерски модел кој проценува речиси 4.000 км долго пространство од Сибирската тундра. Новиот модел го зема предвид и животниот циклус на некои стебла – од тоа колку далеку можат да го испуштат своето семе, преку тоа колку добро растат кога околу нив има други стебла до стапката на раст во зависност од температурата, дождовите и длабочината на одмрзнувањето на пермафростот за време на летото.

- Advertisement -

Ниедно предвидување за тундрата нема да може да се постигне ако не се преземат мерки веднаш, што значи дека исходот за тундрата може да биде многу полош.Во средно лошото сценарио каде што емисијата на јаглерод диоксид не почнува да опаѓа до 2050 година и до 2100 година е намалена на половина, до 2500 година дрвјата би покривале се освен 5,7% од сегапната тундра и би го уништиле екосистемот.

Луѓето во тој дел од светот многу зависат од тундрата и губењето на екосистемот ќе биде голема загуба за човештвото. Како тоа ќе влијае на понатамоѓното загревање на Земјата исто така е неизвесно, но високите дрвја имаат и потемна боја од тревата, па тундрата прекриена со снег и трева привлекува помалку топлина отколку темните крошни на дрвјата, што значи дека Арктикот може да стане потопол.Тоа затоплување може да го забрза топењето на пермафростот, кој ќе испушти огромна количина стакленички гасови, како и одамна смрзнати микроби и вируси.

(Live Science)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -