SpaceX ќе направи над 1.000 Starship вселенски ракети и ќе однесе милион луѓе на Марс

- Advertisement -


Иако не помина многу време откако компанијата SpaceX се намачи да дојде до орбитата на Земјата, основачо Илон Маск сега најавува транспорт на луѓе на Марс.

Имено, на 31 мај ЅpaceX ја одбележа 10-годишнината од првата мисија на капсулата Dragon наречена COTS2, која беше патување до Меѓнародната вселенска станица и назад. Само неколку години претходно, на 28 септември 2008 година, компанијата ја достигна орбитата на Земјата во текот на четвртиот обид за лансирање на ракетата Falcon 1.

- Advertisement -

И покрај тоа што Маск често ги преувеличува своите ветувања, тешко е да се оспорат неговите успеси во однос на летањето во вселената. Сега тој на Twitter најави уште еден амбициозен план за ракетата Starship и патувањето на Марс.

Според него, SpaceX сака да произведе над 1.000 ракети Starship за да ги транспортира луѓето на Марс. Тоа би било нешто како модерна Ноева арка, напиша Маск во својот твит. Таа цел тој има намера да ја оствари до 2050 година.

- Advertisement -

Меѓутоа, неговите планови не се совпаѓаат со плановите на НАСА. Американската вселенска компанија најави дека веројатно со помош на SpaceX ќе ги оспрати првите луѓе на Марс во 2030-тите или 2040-тите години. .

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -