Галеника ја освои регионалната награда „Digital Cup Award “ за најдобра дигитална ребрендинг кампања

- Advertisement -

На неодамна одржаната конференција Social Media Summit во Сараево, Галеника ја освои „Digital Cup Awards“ наградата во категорија – најдобра кампања на годината за ребрендирање. „Digital Cup Awards“ е стручна награда која се доделува на компании и брендови за најквалитетна и најпрофесионална дигитална кампања во изминатата година. Натпреварот е од регионален карактер и учествуваа 67 компании од сите земји во Адриатик регионот. Се доделија 20 награди во различни категории, додека стручното жири, составено од експерти во регионот во областа на дигиталниот маркетинг, на Галеника и ја додели наградата „НАЈДОБАР РЕБРЕНДИНГ НА ГОДИНАТА“, по детална анализа на кампањата од сите учесници во оваа категорија.

„Да бидете препознаени како најдобар во некоја категорија покажува колку добро ја работиме својата работа и ни дава поттик да продолжиме најдобро и најквалитетно, затоа што нашите потрошувачи тоа го заслужуваат. Регионалната награда за најдобра дигитална кампања зборува за тоа колку Галеника, како компанија, има своја модерна работна визија. Новиот визуелен идентитет на компанијата дојде по инвестицискиот и трансформацискиот циклус кој е реализиран претходните години, а кој резултираше со модернизација на компанијата и дигитализација на работењето. Со ова, во врска со ребрендинг кампањата која ја реализиравме, имавме цел да ја смениме перцепцијата кај потрошувачите и да воведеме нов визуелен идентитет како показател за иновативниот правец по кој се движи компанијата“, вели Наид Губалевиќ, менаџер за Босна и Херцеговина во компанијата Галеника.

- Advertisement -

Галеника ја реализираше ребрендинг кампањата под слоганот „Посветени на луѓето, верни на здравјето“ во средината на 2021 година. Кампањата имаше цел да воведе нов визуелен идентитет преку боите кои симболизираат вредност на компанијата и уште повеќе ја рефлектираат нејзината мисија и посветеност на здравјето и одговорното работење.

Сподели!
- Advertisement -