Отворена првата фабрика во светот за складирање енергија во CO2 батерии

- Advertisement -

Италијанската компанија Energy Dome ја отвори својата прва голема фабрика за складирање енергија на ниво на мрежа. Овие CO2 батерии можат да складираат обновлива енергија во текот на долг период и брзо да ја ослободат, по цена помала од половина во споредба со големите литиумски батерии.

Складирањето енергија од големи размери ќе биде потребно секаде во светот затоа што зелеата енергија почнува да зема примат на електричната енергија во светот. Обновливата енергија се произведува во време и на места каде што и кога што не е потребна, па затоа се развиваат разни технологии за складирање, кои би можеле долго да ја чуваат и да ја испорачаат кога ќе биде потребна.

- Advertisement -

CO2 батериите кои ги разви Energy Dome функционираат така што јаглерод диоксидот драматично се шири кога од течен ќе пшремине во гасовит, а ќе се смири само под притисок 5 пати повисок од земјиниот. На собна температура 2.5675 литри течен CO2 кој се држи под притисок од 56 атмосфери ќе се прошири во 1.000 литри гасовит CO2, што е фактор од речиси 400.

Батериите на Energy Domea користат огромни куполи со големи, флексибилни меури полни со гасовит СО2. Својата батерија за полнат користејќи енергија за придвижување на електрични компресори кои го истиснуваат гасот во се помали волумени, а на крајот го кондензираат во течност, која се складира под притисок на атмосферска температура. Овој процес на полнење создава отпадна топлина, која се чува во систем за складирање топлинска енергија.

- Advertisement -

Се додека се одржува притисокот СО2 ќе остане таму. Кога енергијата ќе биде потребна, системот ја користи складираната топлинска енергија за CO2 да испари, а турбини ка собираат енергијата назад додека СО2 се шири во куполата на меурот.

Компанијата минатата година најави дека ќе ја изгради својата прва фабрика во Сардинија и ќа је пушти во погон до 2022 година, што и го исполни. Фабриката е релативно мала – складира само 4 MWh енергија и нуди максимална моќност од 2,5 MWe.

- Advertisement -

Energy Dome очќекува дека првата фабрика со нормална величина, во која ќе се складираат 200 MWh енергија, ќе биде пуштена во работа до крајот на 2023 година, а технологијата веќе е продадена во Италија, Германија, Африка и на Блискиот Исток.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -