Тајланд е првата азиска земја што ја легализираше марихуаната

- Advertisement -

Тајланд вчера стана првата земја од Азија која го декриминализираше канабисот, но се уште ќе бидат на сила строги казни за сите кои ја злоупотребуваат дрогата. Тајландскиот министер за здравство, Анутин Чарнвиракул, изјави дека очекувал дека канабисот ќе помогне да се подобри економијата на земјата, но предупреид дека рекреативната употреба на дрогата и понатаму ќе биде илегална.

Се уште имаме закони кои ја контролираат консумацијата, пушењето или употребата на производи од канабис на непродуктивен начин. Декриминализацијата на марихуаната значи дека повеќе не е криминално дело да се одгледува и да се тргува со марихуана и производи од канабис, како и да се служат храна и пијалаци кои содржат марихуана. Кафулињата и рестораните исто така можат да служат такви пијалаци и храна, но само ако содржат помалку од 0,2% тетрахидроканабинол (THC), која е основната псхиоактивна состојка.

- Advertisement -

Строгите казни вклучуваат три месеци затворска казна и 800 долари парична казна за пушење марихуана на јавно место.

„Тајланд ќе промовира користење на марихуаната за медицински цели. Ако туристи дојдат тука за медицински третман со канабис нема да има проблем. Но, ако мислите дека можете да дојдете во Тајланд само затоа што сте слушнале дека кај нас е легализирана марихуаната и можете да пушите џоинт каде сакате, подобро не доаѓајте. Нема да бидете добредојдени” порача министерот.

- Advertisement -

Анутин додаде дека очекуваат бизнисот со марихуаната да донесе милијарди долари во буџетот. „Очекуваме вредноста на индустријата за канабис да надмине 2 милијарди долари” истакна Анутин и додаде дека во соработка со Министерството за земјоделство ќе дистрибуираат 1 милиони бесплатни растенија на канабис на домаќинства низ целата земја.

(CNN)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -