НАСА именуваше две комерцијални компании на кои им понуди 3,5 милијарди долари за произведат нови вселенски костими кои ќе се користат за патување на Месечината. Тимовите предводени од Axiom Space и Collins Aerospace добија договори вредни до 3,5 милијарди долари за развој и испорака на вселеснки костими од нови генерации за континуирано присуство на НАСА не само в орбитата близу Земјата, туку и за првите астронаути кои ќе се вратат на Месечината после 50 години.
Компаниите би ги поседувале вселенските костими, а НАСА би била купувач. Новите костими треба да ги заменат постојните, но се базирани на дизајн стар 45 години од ерата на вселенските шатлови. НАСА ќе продолжи да работи на дизајнот за она пто го нарекува Exploration Extravehicular Mobility Units (xEMU) до крајот на фискалната година и ќе ги споделува информациите со двете компании, но потоа од септември натаму ќе се префрли на надзорна улога.
Крајниот резултат ќе биде единствена понуда на скафандери за астронаути кои ќе се натпреваруваат за правото НАСА да ги користи на Меѓународната вселенска станица, во лунарната мисија во рамките на програмата programu Artemis и на малата вселенска станица Gateway, како и на идните мисии на Марс.
(Klix.ba)
(фото: Inverse)