Нов Зеланд претстави нацрт-план за оданочување на емисијата на гасови од овците и ркавите со цел да се фати во костец со еден од најголемите извори на гасови со ефект на стаклена градина во светот.
Ако се реалзиира планот, Нов Зеланд ќе стане првата држава во светот која наплаќува данок на фармерите за емисијата на емтан од животните кои ги одгледуваат.
Според нивниот план, сточарите ќе мора да плаќаат данок на емисијата на гасови од нивните фарми почнувајќи од 2025 година. Планот вклучува и субвенции за фармерите кои ќе ја намалат емисијата на гасови преку адитиви за сточна храна, додека садењето дрвја на фармите ќе може да се искористи за неутрализирање на емисијата на гасови.
Парите собрани со данокот ќе бидат инвестирани во истражувања, развој и советодавни услуги за земјоделците.
Во земјата со популација од над 5 милиони луѓе се одлгедуваат околу 10 милиони говеда и 26 милиони овци. Речиси половина од емисијата на стакленички гасови на Нов Зеланд, главно метан, се добива од земјоделството.
(Bizlife)
(фото: stocksnap.io)