Не може да се замисли модерен наставен процес, без да се спои теориското знаење и пракса стекната во деловно опкружување. Во тој правец ќе се движи соработката на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола и Финтек компанијата СН финансии, која има одлично развиен правен сектор како поддршка во нејзиното дневно функционирање.
За оваа соработка, официјално е потпишан и меморандум за соработка, со што продолжува да се реализира проектот Business Academy Hub на СН финансии, кој пред само некој месец беше инициран на истиот универзитет, само со Економскиот факултет во Прилеп.
Едуцирајќи ги младите правници, целта е да се пренесе знаењето кое би имало употребна вредност во деловното опкружување, зошто не сите дипломирани студенти од овој факултет ќе завршат во адвокатура. Новите современи компании веќе формираат сериозни правни сектори со цел да се заштитат и развиваат проактивно во легални рамки.
“Доаѓа време кога не е доволно, да објавите оглас, да ви се пријават кандидати, да побарате препораки….тоа е едно минато време во кое многу компании се сѐ уште заглавени. СН финансии, која е релативно млада компанија, постои 5 години, веќе започнува со развивање на програми за идентификување на студенти и талент програми на кои се пронаоѓаат најдобрите” – истакна Никола Јошевски, генерален директор на СН финансии при потпишувањето на меморандумот.
Кога ќе се спојат академијата и бизнисот, тогаш се случува „Заеднички до најдоброто“ тврдат од факултетот, што е одличен пример како бизнисот и академијата можат да соработуваат. Оваа соработката според нив е огромна шанса за студентите.
„Ова е стратешки правец за развој на факултетот, зошто соработката со реалниот сектор кој вработува е одлична шанса и за практиканство и за први вработувања по дипломирање на нашите студенти. Важни се ваквите соработки, а овој меморандум за соработка уште повеќе не зацврстува на листата на партнерски институиции кај вистински успешните комапнии„, изјави деканот на Правниот факултет проф. д-р Горан Илиќ.
Факт е дека новото време бара носители на глобален иновативен експеримент за дифузија на академијата со бизнисот при што на студентите се гледа како на големо потенцијално богатство, а ваквите соработки стануваат и научен полигон во кој можат да се прават и истражувања за постдипломци, но и размена на знаење во двата правци.