Откриена нова молекула која го убива и најсмртоносниот канцер

- Advertisement -

Неодамна мала група луѓе со канцер на ректумот посведочија како нивната болест исчезнува после една експериментална терапија. Станува збор за мала студија која ја направиле доктори од Центарот а канцер Слоан Кетеринг во Њујорк, каде што пациентите земале лек наречен „достарлимаб“ во период од шест месеци. На крајот на студијата секој од пациентите бил излекуван.

Сега д-р Јунг Мо Ан, истражувач од Универзитетот Тексас, успеа да синтетизира друга состојка за која тврди дека убива многу широк спектар на канцери кои тешко се третираат, меѓу кои и ракот на дојка.

- Advertisement -

Тој открил слабост кај клетките на канцерот која не била таргетирана со другите лекови. Студијата која ја направил на изолирани клетки, и клетки од канцерозно ткиво кај човек и кај глувци, е објавена во весникот Nature Cancer.

Ан, кој предава хемија и биохемија на Школата за природни науки и математика во Далас, повеќе од една деценија работел на мали молекули кои ја таргетираат интеракцијата помеѓу протеините во клетките. Претходно развил состојка кое е потенцијален кандидат за третирање на тешкиот за лекување на рак на дојка и на простата.

- Advertisement -

Во најновото истражување тој и неговите колеги тестирале нова состојка која тие самите ја синтетизирале и ја нарекле ERX-41 за да ги видат ефектите што ги има врз клетките од ракот на дојка.

„За клетките на туморот да можат да растат брзо мора да произведуваат многу протеини, а тоа создава притисок врз ендоплазматичниот ретикулум. Канцерогените клетки произведуваат значително повеќе LIPA, што е многу повеќе отколку здравите клетки. Со врзување за LIPA, ERX-41 го заглавува процесирањето на протеините во ендоплазматичниот ретикулум, кој станува подуен и доведува до смрт на канцерогените клетки“ вели Ан.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

Сподели!
- Advertisement -