Богатство вредно 17 милијарди долари откриено на потонат брод од 18 век

- Advertisement -

Морнаричката служба на Колумбија со помош на возило управувано на далечина успеа да се приближи и да го фотографира бродот Сан Хозе Галеон, брод од 18 век кој потонал во близина на брегот на Картагена. Оттогаш до него нема дојдено ниедно човек.

Потонатиот брод е посебен и поинаков од другите. Шпанскиот брод, наводно, превезувал 600 луѓе заедно со 200 тони богатство кога британската морнарица го потонала во 1708 година. Точната локација на бродоломот не била позната со векови и дури и сега шпанските власти не ја откриваат за јавноста.

- Advertisement -

Според написите во медиумите, возилото управувано на далечина слегло на длабочина од 900 метри за да направи најдобри фотографии и да се подготви за мониторинг на бродот пред да биде извлечен на површина. Во 2013 година Колумбија го присвои бродот и се што е на него затоа што се наоѓал во нејзини води, па дури и донесе закон за тоа.

Ако се прашувате зошто Шпанија и колумбија за борат за сопственоста над бродот, причината веројатно се крие во богатството од 200 тони. Колумбиската морнарица го пронајде бродот во 2015 година и тие ги имаат точните информации за богатството. Од она што е познато досега, на бродот има златни и сребрени монети, смарагди, кинеска керамика во одлична форма. Освен тоа, има и стари мечови, и 64 топови од историска важност.

- Advertisement -

На топовите пишува дека се стари осум децении и се произведени во 1655 година во Севилја и Кадиз во Шпанија, а вкупната вредност на сето богатство се проценува на 17 милијарди долари.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -