НАСА сака да изгради нуклеарни реактори на Месечината

- Advertisement -

НАСА и Министерството за енергетика на САД заедно работат на унапредување на вселенската нуклеарна тех нологија. Тие избраа три концеот дизајни за дизајнирање на физискиот површински електроенергетски систем кој може да биде спремен за лансирање до крајот на деценијата за демонстрација на работата на Месечината. Таа технологија би се користела и во идните истражувања во рамките на програмата Artemis, вели НАСА во соопштението на своите интернет страници.

Договорите се проценуваат на отприлика 5 милиони долари. тие го финансираат развојот на почетниот концепт на дизајнот за физиски енергетски систем од класата 40 kw, кои ќе траат најмалку 10 години во лунарната средина.

- Advertisement -

„Новата технологија ќе ги придвижи нашите истражувања на Месечината, Марс и пошироко. Развојот на тие наши дизајни ќе ни помогне да поставиме темели за стартување на долгорочното човечко присуство на други планети. Проектот Fission Surface Power е многу остварлив прв чекор на САД кон воспоставување на нуклеарна енергија на Месечината“ велат од НАСА.

(NASA)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -