Трговски ланец од Босна стартува со производство на биодизел од масло за јадење

- Advertisement -

Преработката на искористено масло за јадење е веќе воспоставена пракса во Европа, а наскоро стартува и во Хрватска. Бинго, најголемиот трговски ланец во Босна и Херцеговина наскоро планира да стартува нов бизнис – производство на биодизел.

Во БиХ засега нема ниту една технолошка линија за преработка на масло за јадење во биодизел и проектот на компанијата Бинго од Тузла ќе биде прв од ваков тип. Во оваа инвестиција ќе учествуваат три компании и четири ресторани и досега се собрани 17 тони искористено масло за јадење.

- Advertisement -

“Презадоволни сме со резултатите, и и скрено се изненадивме колку ресторани во Тузла собираат употребено масло, кое дефинитивно треба да остане во Босна. Досегашните собирачи на маслото за јадење истото го извезуват во ЕУ, а ние сакаме тоа да остане овде и да се преработи во биодизел“, изјави Амир Хаџиќ, проект менаџер.

Ваквата пракса е веќе добро позната во Европа. Биодизелот може да се користи како гориво за дизел мотори, за загревање на пластеници и уште многу други примени притоа е важно за зачувување на околината.

Сподели!
- Advertisement -